Претставници на организациите на Македонците од Бугарија, ОМО „Илинден“ – Пирин и ОМО Илинден на 19 октомври 2022 година на повеќе локации го одбележа денот на Македонското (Кресненско) Востание.
Од организациите информираат дека во градот Кресна, пред споменикот на Димитар Поп-Георгиев Беровски, говор одржал Стојко Стојков.
– Се оддаде почит со полагање венци, свежо цвеќе, паѓање на колена и едноминутно молчење. Во 11 часот во село Стара Кресна, пред споменикот на востанието говори одржаа Кирил Тилев од ОМО Илинден, како и Даринка Тапанска од ОМО Илинден – Пирин. Во 12 часот во село Оштава се одржа панихида за загинатите во ова македонско востание – се вели во соопштението од ОМО „Илинден“ – Пирин.
Оттаму велат дека чествувањето и свеченоста продолжило со македонски песни и другарување помеѓу сите македонски организации заедно.
©Македониум