Во организација на Македонската Амбасада во Тирана и Културно информативниот центар од 27 до 29 октомври 2022 година во Корча ќе бидат организирани „Денови на македонската култура“.
Според програмата во текот на трите дена ќе бидат организирани изложби, проекција на филм и музички настап, а ќе биде организирано и предавања за македонски јазик на Универзитетот “Фан Ноли”.
©Македониум