Николина Источки, Македонката со потекло од Преспа фудбалска звезда во Канада

Николина Источки е член на канадскиот државен фудбалски тим под 15 години. Тимот се квалификува за финалето на Северна и средна Америка и Карибите.

Николина во У-15 селекцијата на Канада е една од најдобрите фудбалерки, и тоа како напаѓач на селекцијата, чија најдобра репрезентација е олимписки првак.

Нејзините родители се Македонци: татко и‘ Трајче е роден во Торонто, додека мајка и‘ Нада е родена во Пустец. Дедо и‘ Пере е долгогодишен активист во Македонската заедница во Канада и член на Организацијата Обединети Македонци во Канада.

Николина и целото нејзино семејство не крие дека се горди што имаат македонско потекло.

Родена е во 2007 година во Мисисага, а фудбал почнала да тренира во локалниот клуб Мисисага Фалконс.

Весникот Македониум му честита на Николина за постигнатиот успех со кој ги направи горди сите Македонци во Албанија и му посакуваме уште многу успеси на приватно и професионално поле.

©Македониум