(Ексклузивно) ВО МАЛА ПРЕСПА ЌЕ СЕ ОТВОРИ УНИВЕРЗИТЕТ

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје ке отвори дисперзирани студии во Општина Пустец, Мала Преспа.

Преставници на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје во Пустец

Преставници на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје во Пустец


Во недела на 23 декември 2012 година на покана на градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко во Пустец, дојдоа преставници на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје предводени од ректорот Аце Миленковски и пред присутните Македонци од Мала Преспа и Корчанскиот регион, во просториите на општина Пустец го промовираа Универзитет за туризам и менаџмент и седумте факултети на овој Универзитет.

На средбата со Македонците во Пустец ректорот Аце Малиновски, се заблагодари на градоначалникот Едмонд Темелко за поканата и истакна дека со задоволство ја прифатија идејата за отворање на дисперзирани студии во Пустец.

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје има седум факултети и сите седум ке бидат ставени на располагање на дисперзираните студии во општина Пустец.

Секој Македонец од Општина Пустец или од Корчанскиот Регион и пошироко од Албанија, можи да зе запиши на еден од следните факултети, почнувајќи од Факултетот за туризам, Факултетот за економски науки, Факултетот за маркетинг, Факултетот за претприемачки бизнис, Факултетот за менаџмент на човековите ресурси, Факултетот за спортскиот туризам и Факултетот за односи со јавноста.

Универзитетот работи според правилата согласно Болоњскиот договор и застапен е и Европскиот кредит трансфер систем.

Дипломите од овој Универзитет признати се во соседните земји во регионот, Западна Европа и во Северана Америка.

Едмонд Темелко и Аце Малиновски

Едмонд Темелко и Аце Малиновски


Она што е најважно Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје во договор со општина Пустец ке даде специјален и промотивен попуст во рамките на уписната политика на Универзитет. За секој студент што ке се запиши на некој од дисперзираните студии во Пустец, ке добие 50% попуст односно ке зе запиши за 500 евра по семестар или 1000 евра за една учебна година.

Овoj попуст важи и за секој студент што ке се префрли на било која година од друг Универзитет и факултет на дисперзираните студии во Пустец.

Исто така, 50 % попуст има и за поздипломските студии и вкупната цена за поздипломски студии изнесува 1000 евра.

Градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко заблагодарувајќи се на преставниците од Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје истакна: “Сo oтворањето на дисперзираните студии во Пустец ке се помогни во образувањето на што поголем број Македонци од Мала Преспа, Корчанскиот регион и пошироко и ке се помогни во интегрирањето на Македонците во Албанија. Општина Пустец  ке излези во пресрет инфраструктутрно и на секој начин ке овозможи услови за настава на дисперзираните студии во Пустец”- истакна Едмонд Темелко.

Преставници на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје во Пустец

Преставници на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје во Пустец

Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје ке започни со работа веднаш по официјалното потпишување на договор за дисперзирани студии со градоначалникот на општина Пустец во почетокот на 2013 години. (Македониум)