Македонците во Албанија бараат нов Попис под меѓународен мониторинг

Од прес-конференцијата во Корча

Од прес-конференцијата во Корча


После заедничата Декаларција на Македонците во Албанија со другите малцинства во Албанија, каде не ги признаваа официјалните пописни резултати, денеска во Корча македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, одржа прес-конференција каде пред албанската јавност Едмонд Темелко ја прочита Декларацијата на Македонска алијанца за европска интеграција, Македонската заедница во Албанија и македонските здруженија во Албанија.

Во Деклaрацијата се вели:

“Македонска алијанса за европска интеграција изјавува пред албанската јавност, државните и меѓународните институции, дека не ги признава официјалните податоци од Пописот 2011.

Како што и предупредивме пред една година, процесот на пописот, не беше прав и транспарентен процес.

Пописот со прашање за националноста беше барање на македонското малцинство уште на почетокот на 90-те години, како и Советот на Европа во сите негови резолуции за Албанија, за спроведување на Рамковната Конвенција за заштита на малцинствата, Извештајот за напредок на Европската Комисија против Рацизмот и многу други институции, инсистираа на реализирање на еден ваков процес.

Од прес-конференцијата во Корча

Од прес-конференцијата во Корча

 

Начинот на кој се одржа Пописот во октомври минатата година и собирањето на податоците за етничката припадност, е спроведен со бројни прекршувања во текот на процесот.

Државната пописна комисија не прифати ниту едно брање на малцинствата, да и малциствата имаат имаат попишувачи и членови во комисиите, како и една копија од формуларот да остане кај лицето што се попишува.

Во текот на процесот на Пописот, попишувачите сами ги пополнуваа податоците во формуларите, формуларите се пополнуваа со молив со образложение дека ако згрешат, дома ке ги поправат грешките. Додавјаки го тука и правниот притисок на паричната казна предвиден во Законот за попис за лажни или неточни изјави, споредено со податоците од матичните книги.

Промената во Законот за попис и вклучувањето на казната беше осудено и од Советот на Европа во својот трет извештај за Албанија за спроведувањето на Рамовната конвценција за заштита на правата на малцинствата, во кој се наведува дека промените во Законот за попис се во спротивност со Рамковната Конвенција.

Со овој попис се прекршија правата на малцинствата што се гарантирани со Уставот на Република Албанија, меѓународните акти и законите што се на сила.

Овој Попис не беше во согласност со европските стандарти, и не ја отсликува реалната етничката структура на населението во Албанија.

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, не само што не ги признава податоците на овој фалсификуван Попис, за македонското малцинство, но исто го бараме и од албанските и меѓународните институции, затоа што овие фалсификува податоци се против уставниот поредок, европската аспирација  на Албанија, препораките на европските институции, и против интересите на земјата да има реална статистика за бројот на припадниците на малцинствата.

Затоа, бараме реализирање на нов Попис врз основа на меѓународните стандарти и под меѓународен мониторинг, затоа што само така можи да се гарантира чесен и транспарентен процес каде ќе излези реалната етничка структура на Албанија.

Со овој Попис само се потврди дека политиката кон малцинствата не е сменета од комунистичкиот систем, каде македонското малцинство се признаваше само во областа на Мала Преспа и не се признаваше во областите Гора и Голо Брдо, како и во градовите каде што живееше во Албанија.”- стои во Декалрацијата.

Ова Декаларација освен Македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, ја подржаа и Македонската Заедница во Албанија со седиште во Тирана, Македонскoто здружение “Гора” од Гора, Македонскoто здружение “Мост” од Голо Брдо како и македонскoто здружение “Друштво Преспа” од Мала Преспа. (Македониум)