Албанската телевизија Визион Плус пренесува за тешката ситуација во која се наоѓаат Македонците во Голо Брдо, со доаѓањето на зимата.
“Голо Брдо е една од поодалечените области во округот на Дебар. Зимата и изолацијата на патиштата, ја прави уште по заборавено ова област каде сиромаштијата се чуствува на во секоја фамилија. Жителите на село Клење и Острени, преживуваат од добиток и храната обезбедена за време на летото. Половина од годината тука е зима и исто толку трае изолацијата на жителите. Во овие услови тие бараат од централната власт да ги држи овторени патиштата, посебно за вонредни здраствени случаи. –Во Острени сме многу сиромашни. Во текот на овие денови кога снегот е стопен, тие се обидуваат да го завршат работите, пред да фатат обилните врнежи од снег и блокирањето. Жителите од македонското малцинствo, велат дека на нив се сеќаваат само за време на кампањи. Училиштето во село Клење е срушено, и половина од него е без покрив. Во очекување на големата зима и изолација, жителите на Клење и Острени во Голо Брдо, со апел за внимание до локалната и централната власт. Во моментов патишта што ги поврзуваат селата со центарот на општината се проблематични од мразот и снегот.”-пренесува ТВ Визион Плус
i mnie vo makedonija ne cvetame od vas……