Малцинствата против официалните резултати од Пописот во Албанија

Еден ден по објавувањето на резултатите од Пописот, преставници на пет малцинства во Албанија се против процесот сметајѓи го за манипулиран и неуставен. Преставниците на македонското, грчкото, ромското, српско-црногорското и влашкото малцинство, потпишаа Декларација која ја пратија до сите албански и меѓународни институции. Потоа одржаа прес-конференција.

 

Во Декларацијата се вели:

“Ние преставниците на малцинствата во Република Албанија изјавуваме пред албанската јавност и државните и меѓународните институции, дека не ги признаваме официјалните објавените резултати од пописот 2011 година.

Ние ги сметаме нив за крунисување на сите спроведени активности на штета на малцинствата од страна на државните, политичките и медиумските преставници.

Така како што предупредивме, така како што и Советодавниот Комитет на Рамковната Конвенција на Советото на Европа го третираше пописот, процесот на попишувањее на населението, собирањето на податоците за етничката и верската припадност, беше недемократски процес, нетранспарентен и противуставен и се спроведе со безбројни прекршоци, арбитрарни акции, и како што се гледа и податоците се манипулирани.

Потврдуваме на категоричен начин, дека бројките објавени за малцинствата и верата, не ја преставуваат реалноста во Албанија.

После една нетолерантна и напната клима од страна на мнозинството врз малцинствата, после бришењето на националноста од регистрите од матичната евиденција, после употребата и потикнување на говор на омразата спрема малцинствата од страна на преставнци од политиката и медиумите, и националистичките акции на штета на малцинствата, давањето на ваквите резултати е нелегално за авторите, и очекувано од наша страна. Но ние, неможи да молчиме, затоа што овие манипулирани податоци преставуваат сериозна закана за пропаѓање на етничките и верските баланси, влијаат врз општествениот соживот, ги стопираат европските интеграци на Албанија, го влошуваат демократскиот изглед на општеството и не ги гарантираат основните прават и слободи на државјаните на ова земја.

Ние организациите на малцинствата во Албанија, не само што не ги признаваме и почитуваме податоците од овој коруптивен попис, но ке се обратиме, кај сите внатрешни и меѓунаронди институции, да го направат исто нешто, затоа што еден ваков став врз малцинствата, изграден врз основа на овие податоци, е кусоглед, провокативен и опасен за регионот и Европа”.

 

Декларацијата ја потпишаа, Васил Стерјовски, од страна на македонското малцинство, Лигораќ Карамело од страна на грчкото малцинство, Танас Почи од страна на влашкото малцинство, Павло Јакоја од страна на Српско-Црногорското малцинство и Арбен Костури од страна на ромското малцинство. (Македониум)