Премиерот Никола Груевски во Тирана се сретна со преставници на Македонците во Албанија

Претседателот на владата на Република Македонија, Никола Груевски за врема на официјалната посета на Република Албанија на 23.11.2012 година, оствари средба со активисти на македонската партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција , како и македонските здруженија и македонската заедница во Албанија. Средбата се одржа во просториите на македонската амбасада во Тирана.

На средбата македонскиот премиер ги запозна македонските активисти околу средбата со албанскиот колега Сали Бериша и склучените договори за признавање на возачките дозволи и отварање на граничниот премин Џепиште-Требиште, барањето до Сали Бериша да добијат статус на малцинство како во Мала Преспа и Македонците што живеат во областите Голо Брдо и Гора, и во градовите Тирана, Елбасан, Драч, Кукс, Корча, Билишта, Поградец и Берат, печатење на учебници по македонски јазик за Македонците во Албанија и за подигнување на степенот на лекторатот по македонски јазик  во Тирана во Катедра.

Исто така, македонскиот премиер вети повеке стипендии за студирање на македонски ученици од Албанија во Македонија.

Преставниците на Македонците во Албанија ги поздравија склучените договори, посебно договорот за отворање на граничниот премин Џепиште- Требише и побараа што побрзо отворање на овој премин кој за Македонците од Голо Брдо е од егзистенциално прашање и ке го спречи процесот на миграција на Македонците од Голо Брдо.


На средбата, преставниците на Македонците во Албанија го запозна македонскиот премиер со  активностите што ги превземаат во правец на зачувување на македонсата култура и идентитет во Албанија, но и за потешкотиите што ги имаат со учењето на мајчиниот македонски јазик, и интегрирањето во социалниот, културниот и политичкиот живот, како и побараа од македонскиот премиер Груевски отворање на македонски конзулат во Корча. (Македониум)