На 4-ти јануари 2022 година во Торонто, на 92 годишна возраст почина Коста Стенвик еден од најголемите борци на Македонскиот народ. Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ) упатува најискрено сочувство до фамилијата Стенвик.
“Смртта на Коста Стенвик е голема загуба за неговото семејство но и за Македонскиот народ. Коста Стенвик со потекло од Беломорска Македонија, како емигрант во Канада, целиот свој живот му го посвети на Македонскиот народ и на Македонската православна црква”, стои во писмото од МАЕИ.
Коста Стенвик даде значајниот придонес за афирмација на Република Македонија во светот и унапредување на пријателските односи и соработка на Македонија со Канада.
“Македонците во Албанија, Беломорска Македонија и Пиринска Македонија загубија голем македонски патриот и еден од најголемите подржувачи на македонското движење. Нека почива во мир”, се додава во писмото на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.
© Македониум