Пратеникот во албанскиот парламент од Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски продолжува со напорите за подобрување на условите за живот на Македонците во Албанија.
Во текот на минатата недела заедно со градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски, во Тирана остварија работна средба со директорот на Национална агенција за водовод и канализација, Алќи Блако.
-На средбата разговаравме за решавање на проблемот со вода за пиење во селата на општина Пустец. На големо задоволство постигнавме договор, со кој Националната агенција за водовод и канализација на општина Пустец ќе и додели фонд за изработка на проекти за изградба на водоводни мрежи за секое село на општината, кои ќе почнат да се реализраат годнава, изјави Стерјовски.
Посочува дека конечно ќе биде надминат еден од најгорливите проблеми, водоснабдувањето во општина Пустец, Мала Преспа.
Општината опфаќа девет населени места, со над пет илјади жители.