За време на посетата на премиерот Никола Груевски во Албанија на 23.11.2012 година возилото со кое македонскиот премиер се движел во Тирана беше нападнато со јајца и пластично шише.
Инцидентот се случил кога премиерот Груевски заминувал од хотелот “Шератон”, каде се одржа албанско-македонски економски форум.
Напаѓачите беа членови на Граѓанската партија, но одговорност ја превзеде само Таулант Цапа, член на Граѓанската партија, кој еден ден после нападот се предаде на полицијата.
Судот во Тирана на 26 ноември 2012 година донесе одлука да го пушти на слобода со обврска да се јавува во судот за евиденција. Судијата Бесник Хоџа при донесувањето на ваквата одлука го зел предвид барањето на Цапа да биде пуштен на слобода за прославата на стогодишнината од албанската независност, и ветувањето дека ќе биде тука и редовно ќе се јавува.
Во интервјуот за А1 Репорт Цапа го призна делото и изјави дека го направил во знак на револт заради непочитувањето на правата на Албанците во Македонија и дискриминаторската политика на Груевски кон нив.
“Одејки по булевардот ги видов македонските знамиња. Јас сум по потекло од албанските земји во Македонија, од Дебар и ме изгоре што видов македонското знаме да се вее во Тирана. Се информирав за средбите што ќе ги оствареше Груевски и решив да превземам вакво дело за да Албанците во Македонија не се дискриминираат. Во рамките на демократските норми, да нападнев со јајца на демонстративен начин да Албанците да не се чуствуваат загрозени од Македонците”, –изјави Цапа
Спроред Цапа посетата на Груевски во Тирана не беше за развој на односите помеѓу двете држави, туку целта на македонскиот премиер беше да бара права за едно непостоечко славо-македонско малцинство во Албанија.
“Македонскиот премиер рече дека славо-македонското малцинство живее во половина Албанија. Ова е непостоечко малцинство. И ако постои не е со тие бројки што тие го преставуваат”,- изјави Цапа за А1 Репорт.
По инцидентот со автомобилот на македонскиот премиер, вечерта на 23 ноември во Тирана беа запалени и македонските знамиња поставени токму како дел од протоколот за средбата Бериша – Груевски.
Група на хулигани, во центарот на Тирана, ги симнуваа од бандера македонските знамиња и ги палеа.
МНР го осуди палењето на македонските знамиња во Тирана
Министерството за надворешни работи на Република Македонија најостро го осуди вандалски чин на палење на македонските знамиња во центарот на Тирана и побара да се пронајдат и казнат сторителите.
– Цениме дека ваквиот нецивилизиран акт не е во прилог на пријателските односи меѓу Македонија и Албанија, особено што овој настан се случи по официјалната посета на претседателот на македонската Влада Никола Груевски на Република Албанија, на која двете земји ги потврдија добрососедските односи, меѓусебната доверба и пријателство. Оттаму, особено е значајно да не се дозволи да се нанесува штета на односите кои сакаме да се градат во европски дух, се вели во соопштението од македонското Министерство за надворешни работи.
Во него се додава дека Амбасадата на Република Македонија во Тирана, со вербална нота реагирала до Министерството за надворешни работи на Република Албанија, со барање за официјална информација за настанот, како и дека МНР го повикало на разговор амбасадорот на Република Албанија во седиште во Скопје Арбен Чејку
– Министерството за надворешни работи на Република Македонија очекува надлежните органи на Република Албанија да преземат најитни мерки за пронаоѓање и казна на сторителите, а властите на пријателска Албанија најостро да го осудат ваквиот вандалски чин кој поттикнува нетрпеливост и длабоко ги повреди чувствата на граѓаните на Република Македонија, стои во соопштението од Министерството за надворешни работи.
Албанското МНР ги осуди инцидентите при посетата на Груевски на Тирана
Албанското министерството ги осуди инцидентите кои се случија во Тирана за време на посетата на премиерот Никола Груевски, кога беа палени македонските знамињ и беа фрлани јајца кон автомобилот на македонскиот премиер.
Албанија се дистанцира и ги осудува инцидентите кои не придонесуваат за климата во меѓусебните односи, ниту пак за големата празнична атмосфера за одбележувањето на 100 години независност на албанската држава, стои во соопштението на албанското министерство.
Во соопштението стои и дека албанското МНР уверува дека надлежните органи работат на расветлување на инцидентите и дека сторителите ќе бидат изведени пред законот.
„Албанското МНР како и во минатото ќе продолжи да поттикнува добри меѓуетнички односи и почит кон симболите, историјата, јазикот и културата на сите држави од регионот во аспирациите кон Европа и интегрирање на целиот регион”, стои во писмената реакција.
Претседателот Иванов ја одби поканата да биде дел од прославата на стогодишнината од албанската независност
Претседателот Ѓеорге Иванов ја одби поканата на албанскиот претседател Бујар Нишани да биде гостин на прославата во Тирана на стогодишнината од албанската независност.
Претседателот Иванов ја откажа посетата во знак на протест поради инциденот при посетата на Тирана на премиерот Никола Груевски, кога неговиот автомобил беше погоден со јајце, како и палењето а македонските знамиња во Центарот на Тирана. (Македониум)
Duke pare veprimet e ketyre shpellareve me emertim te cuditshem”skiptari” del se ata jane komb qe nuk mbahen, duhet nje dore e forte si ajo e Enverit per ti bere zap. Po u bashkuan do heqe te zinje e ullirit jo vetem Ballkani, por edhe Europa.