Во знак на новогодишните празници, претседателката на Советот на округот Корча Ана Веруши, на Македончиња кои посетуваат курс по македонски јазик во градот Корча им даруваше новогодишни пакетчиња и им посака здравје и успеси.
-Искажуваме голема благодарност до претседателката Веруши и нејзините соработници за посетата и вниманието. Децата беа пресреќни. Иако курсевите по македонски јазик се редовни, првпат се случува пред Нова година, децата да ги посетат високи претставници од округот Корча, рече Васил Стерјовски, претседател на македонското друштво „Сонце“.
Курсот по македоски јазик моментално го посетуваат дваесетина дечиња. Курсевите се одржуват во организација на друштвото „Сонце“.