Со указ на претседател на Република Албанија, Бујар Нишани за нов амбасадор на Република Албанија во Република Унгарија, е назначен Ариан Спасе дипломат од кариера, етнички Македонец со потекло од Мала Преспа.
Ариан Спасе бил и амбасадор на Албанија во Бугарија како и секретар во албанската амбасада во Вашингтон, Соединетите Амеркикански Држави.
Ариан Спасе е внук на писателот Стерјо Спасе, кој меѓу најзначајните претставници на современата албанска литература и еден од најуспешните писатели од македонско потекло во Република Албанија. (Македониум)