МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА БОЖИК

Големиот христијански празник Божик, денот на Христовото раѓање се прослави меѓу православните Македонци во Албанија.

zrnosko
Во духот на македонските обичаи и традиции, разменувајки желби за здравје, среќа, мир и благосостојба, голем број Македонци присуствуваа во црквите во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, како и во градовите Корча, Билишта, Поградец, Елбасан и Тирана.
Македонците во с.Врбник и во градот Билишта го прославија Божик на 25 декември.
Како и секоја година и ова година за Божик, Македонците од Албанија кој се во емиграција, се вратија во своите родни места и заедно со своите најблиски го прославија Христовото раѓање. (Македониум)