НОВА ПОЕТСКА КНИГА НА ФИДАНА ЌУЛХАНЏИУ

Деновиве беше објавена новата поетска книга “Море од солзи” од авторката Фидана Ќулханџиу. Авторот на ова книга дава свој придонес во афирмација на македонската заедница во Албанија.
Fidana Qylhanxhiu
Издавач на ова книга на албански јазик е македонското друштво “Илинден” од Тирана и се прават напори за објавувањето на оваа книга на македонски јазик.
Фидана Ќулханџиу, во 2006 година, за прв пат излезе пред читателите со својата книга ”Детство”, а својата поезија ја има објавувано во неколку весници во Албанија.
Fidana
Фидана Ќулханџиу родена е на 24 февруари 1992 во Смолник, областа на Голо Брдо. Основно и средно образование заврши во Тирана, каде што и живее во моментов, член e на здружениjата “Илинден” -Тирана и New Vision -Тирана. Таа живее секој ден со нови соништа, движејќи се побрзо во светот на творештвото. (Македониум)