Македонците од Голо Брдо го подготвија седмиот том голобордски фолклор

 

Понесени од желбата за зачување од заборав и пренесување на помладите генерации на македонскиот фолклор и традиција од областа Голо Брдо, од страна на авторите Цветан Зафир Мазнику, Вита Блаже Која, Митре Стојан Шутку беше подготвен седмиот том од едицијата Голоборски Фоклор (7).

Golobrdski folklor
Трудот се отпечати како постхумно дело на корифејот на движењето за зачувување на македонската традиција во Албанија, Цветан Мазнику. Тројцата автори се долгогодишни соработници во подготвувањето на трудови од областа на македонската етнологија, фолклор, традиција. Нивните дела ќе помогнат многу при пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации Македонци во Република Албанија.
Golobrdski folklor 1
Значаен момент кој треба да се потенцира е тој дека овие трудови се работат на волонтерска база, со многу ентузијазам, саможртва на авторите и нивните соработници. За целиот напор и личен влог во оваа оставштина за македонското битисување во Албанија, од срце им се заблагодаруваме.

Биографија на авторите:

Цветан Зафир Мазнику, беше роден на 1938 година во село Клење, Голо Брдо. Основно образование завршил во родното село, гимназија завршил во Драч. Во 1957 година ги започнал студиите за рударство во Лениград, Руска Федерација. Работеше како рударски инженер, а на седумдесет и седум годишна возраст, на 7 јануари 2015 година, почина во Тирана.
Вита Блаже Која, родена на 1957 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование завршила во родното село, а гимназија завршила во Тирана. Во 1980 година го завршила Економски факултет, а од 1984 година работи како професор на Економскиот факултет во Тирана. Специјализирала на неколку универзитети во Македонија, Италија, Франција.
Митре Стојан Шутку, роден на 1948 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, а гимназија и факултет во Тирана. Во текот на 20 години работел како учител по селата во Голо Брдо, а 10 години како професор во Тирана.