ПО 16 ГОДИНИ: Македонците од Гиноец добија струја

Гиноец е село во Голо Брдо, а неговите жители цели 16 години живееле без електрична енергија.
Gjinovec
Селото Гиноец, област Голо Брдо, населено со Македонци, цели шеснаесет години живееше без електрична енергија.
Поради немањето речиси никакви услови за нормален живот, без струја, водовод, пат, селото го напуштиле 80 отсто од жителите.
За време на пролетните немири во 1997 година во ова село беше украден десеткилометарски електричен кабел, по што тоа остана без струја. Тогаш почна миграцијата и сега има само 17 семејства.
Овие семејства живеат од земјоделие, го произведуваат познатиот компир, а собираат и лековити билки. Во изминатите шеснаесет години додека биле во енергетски мрак, се снаоѓале како знаат и умеат, со гас, свеќи, или модифицирани средства за да имаат енергија.
Струја добија вчера, по инвестиција на Владата од 100 милиони евра. Селаните се многу радосни и неверуваат дека по толку долг период добиле струја.
Недостигот на струја условило да не бидат информирани околу политичките и општествените движења во земјата. Тие не ги познаваат албанските политичари, не знаат ни кој е претседател, ни премиер. Повеќе знаат за македонските политичари, за кои слушаат многу повеќе преку радио од соседната земја.
Гиноец е едно на 22-те села во Голо Брдо. (Македониум)