Од 13-17 мај 2015 година се одржа 60-от Конгрес на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) во Комотини, Република Грција. На Конгрес учестува 150 преставници од 20 земји и претставува повеќе од 30 малцинства во цела Европа. Покрај другите, во неговата работа учестуваше и претседателот на Македонското друштво “Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај.
Конгресот го организираа Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа (ABTTF), Асоцијација на Дипломираните Малцински Студенти од Западна Тракија (BTAYTD) и DEB партија членки на ФУЕН. Истиот беше поддржан со гранд од Министерство за внатрешни работи на Сојузна Република Германија.
Македонско друштво “Илинден“-Тирана се претстави со подготвен материјал во врска со македонското население во Албанија пред делегати на Генералното собрание на Конгресот.
Генерланото собрание со унанимно гласање одлучи Македонското друштво “Илинден“-Тирана да стане рапновправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). На тој начин, Македонско друштво “Илинден“-Тирана стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава, во Европа што стана член на ФУЕН.
Во рамките на конгресот, претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средби со преставниците на Македонците во Грција. Имено, средбата се одржа со управителот на Движењето за култура и образование на Воден, Евгенија Натсоулидоу и со членот Петрос Казаис. Исто така, имаше средба и со отец Никодим Царкњас, кој претставува олицетворение на движењето на Македонците од Егејска Македонија. Одделни средби г-дин Ѓурѓај имаше и со Пеги Хеикинен, преставник на Шведската собрание во Република Финска и Халит Хабип Оглу, претседател Федерацијата на Турците од Западна Тракија во Европа (ABTTF) и потпреседател на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). (Македониум)