Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, од денеска (02 април 2015 година – четврток) престојува во дводневна официјална посета на Република Албанија. Претседателот Иванов во Тирана оствари средби со претседателот на Република Албанија г. Бујар Нишани, со претседателот на Владата на Република Албанија г. Еди Рама и со претседателот на Собранието на Република Албанија г. Илир Мета.
Во рамки на официјалната посета на Република Албанија, претседателот Иванов оствари средба и со Градоначалникот на Тирана г. Љуљзим Баша и со поглаварот на Албанската православна црква Анастасиј Јунулатос.
Во петок, 03 април 2015 година ке ја посета македонската заедница во Општина Пустец. Тоа ќе биде прва посета на Пустец на највисоко државно ниво од страна на претседател од Македонија. Претседателот Иванов во 12.00 часот ке ја посети општина Пустец, црквата “Св.Архагел и Михаил” во Пустец и гимназијата “Трајан Ѓеорѓиевски и Митре Колевски” во Пустец. (Македониум)