Извршниот секретар на Економската комисија на ОН за Европа (УНЕЦЕ), г–дин Кристијан Фрис Бах, заедно со министерот за животна средина на Албанија г–дин Лефтер Кока, на 26 јануари 2015 година, одржа средба во просториите на општина Пустец, во присуство на градоначалникот на општиа Пустец г–дин Едмонд Темелко и постојниот амбасадор на Албанија во Обединетите нации во Женева, г–ѓа Филорета Кодра.
Градоначалникот на Пустец, му се заблагодари на гостите за посетата на општина Пустец и ги информираше за работата на општината за спроведување на законската регулатива во област на животната средина.
Г-динот Темелко го подвлече фактот дека Општина Пустец, се соочува и со елементарно немање на потребна комунална инфраструктура и на нејзина територија нема воспоставен систем за менаџираење со отпадот, не постои соодветна служба, нема технички средства, механизација и алати, не постојат соодветни депонии или одлагалишта за отпад. Наспроти тоа овој проблем се решава парцијално без воспоставени стандарди, бројот на диви депонии расте и тоа има негативно влијание и врз целосната слика за Преспа.
“Исто така на територијата на 9 села во општина Пустец не постои систем за одведување на фекалните води ниту постои пречистителна станица, што само по себе влијае и врз квалитетот на водите во езерото и врз квалитетот на подземните води. Огромен проблем е и немањето на водоснабдителни системи за населението во општина Пустец, при што потребата од изградба на истите е примарна заради воспоставување на основни услови за живеење на локалнато население”.- истакна на средбата градоначалникот Едмонд Темелко.
Господинот Бах ги информираше учесниците на состанокот, дека, меѓу другото, Економската комисија на ОН за Европа (УНЕЦЕ), поддржува различни проекти во областа на животната средина се фокус на третманот на отпадните води, чистење и рехабилитација и интервенции на езерските брегови,, заштитата и унапредување на биолошката разновидност на флората и фауната; подигање на јавната свест, управување и третман на еколошки органски отпад (органски отпад од сточарството и земјоделска дејност), намалување на загадувањето на езерска вода преку правилно управување со отпадот и цврстиот отпад, итн.
Министерот Кока побара поддршка и соработка на УНЕЦЕ за зачувување и збогатување на флората и фауната во Преспанското Езеро. (Македониум)
insitirajte vo makeodnija da ima fabrika za kompiri,za da moze da se otkupuva od kaj vas plus vo resen.