Изложба на делата на Стерјо Спасе во Тирана

 

Во рамките на 100-годишнината од раѓањето на познатиот писател од македонско потекло Стерјо Спасе, во Народната библиотека во Тирана од 4-7 декември 2914 година се организира изложба на целокупното творештво на Стерјо Спасе.

 

Оваа година во рамките на 100-годишнината од раѓањето на Стерјо Спасе, Универзитетот “Фан С. Ноли” од Корча, на 30-ти мај, 2014 организираше Научен  Симпозиум посветен на: “Животот и литературното дело на Стерјо Спасе”, каде што се  презентираа истражувања за книжевната дејност на писателот Стерјо Спасе и неговиот придонес за општествената мисла  во Албанија, додека општина Пустец во неговото родното село Глобочени на 14 август 2014 постави негова биста. (Македониум)