Жителите на општините Шиштавец и Запод во областа Гора во опасност од изолација

Повеќе од 3.500 жители од шесте села на општините Шиштавец и Запод во областа Гора, во Кукс ризикуваат да бидат изолирани бидејќи мостот од кој минуваат секој ден е амортизиран, претворајќи се во опасност по нивните животи.

 


Овој мост кој е изграден пред многу години, со дрвени сводови веќе е амортизиран. Жителите тврдат дека поминувањето преку мостот е ризично, додека градоначалникот на Шиштавец вели дека во соработка со Префектурата на Кукс ќе донесе одлука за затворање на мостот и нема да дозволат премин на возила, бедејќи постои опасност возилата да паднат во селската река. Но, сеуште нема решение од каде ќе минуваат жителите на селата што ги поврзува овој мост.

Мостот се наоѓа во село Црнелево, во областа на Гора, населена со македонско население. (Македониум)