Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, на 29.08.2012 година ја посети пограничната област Голо Брдо во Република Албанија, населена претежно со припадници на македонското национално малцинство во оваа земја.
Во рамките на посетата, министерот Попоски оствари средби со претставници на локалното македонско население во оваа област, вклучително и со активистите на македонската партија во Република Албанија – Македонска Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) како и невладините организации „Илинден“ и „Мост“. Притоа, беше информиран за активностите на споменатите здруженија во насока на негувањето на македонскиот национален, јазичен и културен идентитет во областа Голо Брдо.
На средбите, жителите од Голо Брдо, укажаа на потребата од што поскоро изградба и довршување на патната инфраструктура – што за нив е од витално значење и во тој контекст е побарано македонските државни претставници на сите нивоа да се заложат кај своите колеги од Република Албанија за динамизирање и асфалтирање на патната делница од границата со Република Македонија до Требиште. Тоа, всушност е и во функција на конечна реализација и ставање во употреба на граничниот премин Џепиште-Требиште. Претставниците од локалното македонско население ги посочија и потребите со кои секојдневно се соочуваат и очекуваат конкретна помош и поддршка од Република Македонија. Во тој контекст, беа споменати потребите за доставување книги на македонски јазик, за стипендирање студенти од овој крај на универзитетите во Република Македонија, како и за овозможување средношколци да се школуваат во пограничите градови во Република Македонија – Дебар и Струга.
На средбата со градоначалникот и претседателот на советот на општината Требиште, беше укажано на потребата од поддршка на општините од Голо Брдо при аплицирањето и користењето на фондовите на Европската унија за прекугранична соработка со пограничните општини во Република Македонија, во сфери од заемене интерес – локален економски развој, култура, заштита на животната средина и др.
Посетата на Голо Брдо, министерот Попоски ја заокружи со учениците од селото Требиште кои посетуваат дополнителни курсеви по македонски јазик. Притоа, беше нагласена потребата од воведување на македонскиот јазик во редвниот образовен систем во таа област, со оглед дека децата досега македонскиот јазик го изучуваат единствено во рамките на курсеви што ги организираат невладини организации.
Министерот Попоски се сретна и со децата кои беа дел од „Летниот камп за македонски јазик“ наменет за деца – припадници на македонските национални малцинства во соседните држави. За потсетување, кампот беше организиран од страна на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и се одржа во Охрид од 12 и 19 август оваа година. (Македониум)
ovaa praktiksa od nasa makedonska strana e zabravena i toa e rabota na sosednite drzavi da se uci na jazikot na tie drzavi i toa kaj niv ili po baranje vo skopje da se organizira ili vo drugite gradovi kursevi za jazicite na sosednite drzavi.