Триесетина македонски деца од Албанија, и тоа од областите Мала Преспа, Гора и Голо Брдо, како и од градовите, Корча, Билишта, Тирана и Поградец од 10 до 17 август учествуваа”, во Охрид, во хотелот “Десарет, на Летниот камп 2014 “Ја сакам Македонија”, во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
На истиот, исто така, учествуваа 100 деца на училишна возраст од Заедниците на Македонците во соседните држави на Република Македонија, балканските земји и дијаспората. Летниот камп во Охрид е дел од поширокиот владин проект „Далеку, а блиску“ за приближување на сите лица кои имаат македонско потекло, а особено најмладите и создавање долгорочни врски меѓу нив. Оваа година, како што и беше и ветено, летниот камп беше надополнет со учесници од државите каде што има поголеми македонски заедници, како што се Италија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија и Грција.
Пред присутните свое предавање одржа и министерот за надворешни работи Никола Попоски, со што се реализира богата програма од овогодинешниот летен камп. Министерот Попоски пред учесниците зборуваше за улогата и значењето на мајчиниот јазик во одржувањето на личниот и културниот идентитет. Тој истакна дека во иднина постои можност да се прошири концептот на летниот камп, со цел вклчување и ученици од средно образование. На крајот, Попоски додели благодарници, книги на македонски јазик и сувенири на сите деца – учесници на летниот камп.
Во склоп на истиот, професори од Универзитетот “Гоце Делчев” Штип работеа со децата на унапредувањето на нивните познавања за литературниот македонски јазик и култура. Дополнително, во предавањата за македонската историја се вклучија и научни соработници од Институтот за национална историја во Скопје.
За состојбата околу изучувањето на македонскиот јазик и воопшто почитувањето на човековите права на Македонците во соседните држави, зборуваа воспитувачите на децата – учесници од соодветние земји.
Исто така, децата – учесници во рамки на програмата на Летниот камп имаа можност да присуствуваат на натпреварите од ракометниот турнир Струга 2014, каде ги запознаа македонските ракометни репрезентативци, а во културниот и забавниот дел се дружеа и со македонската музичка ѕвезда Даниел Кајмакоски. (Македониум)
taka da gi ima vo kratovo oti da se natprevaruvame koi sme jadobri,zasto taka e najdobro.