Во Мала Преспа, стартува 7-то Македонско културно лето 2014

На 02 август 2014 година, во Преспа, Република Албанија почнува 7-то издание на фестивалот “Македонско културно лето 2014“ во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија “СОНЦЕ” од Скопје и со финансиска поддршка на Министерство за култура на Република Македонија, Град Скопје и Општина Велес.

 

 

Фестивалот ќе биде отворен со претстава на Театар “Џинот” од Велес, “Ноќите во бел сатен”. Како дел од програмата се и претставите “Ни ваму ни таму”, претстава на Мони Дамевски и Лупчо Тодоровски Упа, Стар(т) продукција на фестивалот и Субпродукција Скопје. Задгранична македонска песна, продукција на Здружение на македонците по потекло од Албанија |СОНЦЕ” и “Градникот на Нора”, претстава на Штипскиот театар Ацо Шопов.

 

На свеченото затворање на “Македонско културно лето 2014“, на 5-ти август, за прв пат ке бидат доделени наградите Актер и Актерка на фестивалот, и неколку признанија за поддржувачите на фестивалот и македонската култура во Р. Албанија. (Македониум)