Во преспанското село Зрноско одбележан Петровден

Денот на Светите апостоли Петар и Павле – Петровден се одбележа во с.Зрноско, областа на Мала Преспа, каде Света Архиерејска литургија во црквата Св.Петар и Павле одржа, отец Ропи од селото Зрноско.

Жителите од ова село кој се во емиграција, дојдоа за овој празник и ги посетија своите родни огништа и се собраа со своите семејства.

На прославата освен жителите од ова село присуствуваа и жители претежно млади од сите села на Мала Преспа. (Македониум)