По повод, 21 мај Светскиот ден на културната различност, министерството за култура на Албанија во соработка со Националниот историски музеј, под мотото “Покажија твојата култура” организираа во просториите на Националниот историски музеј активност посветенa на различните заедници и малцинствата кои живеат и работат во Албанија.
Министерката Мирела Кумбарао се заблагодарува на учесниците за посветеното внимание и истакна дека оваа активност не се организира само формално, или има врска со конвенциите со кои албанската држава со време е интегрирана, но дека е многу важно да се разбериме дека да ја чуваш различоста, или културната различоста на сите заедници во нашата земја, е прво и основно знак на еманципација како поединец или институција на Министерството за култура и имаме должност да ја поддржиме и промовираме вредноста и важноста што ја има.
Активноста продолжи со емитување на видео инсерти подготвени од страна на здруженијата на малцинствата, кои преку видео инсерти, ги изразија нивните обичаи, ритуали, традиции, различни култури, професии и уметнички вредности кои тие ги претставуваат пренесува весник Македониум.
Од страна на Македонската заедница во Албанија на ова активност учествуваше Македонскиот културен центар “СОНЦЕ” од Корча, кој со видео инсерти ја престави богата духовна култура од Мала Преспа, пред се народните песни, обредите и обичаите и “женско обредно пеење”, создадено во далечното минато, кое се сочувало по пат на усно пренесување од генерација на генерација.
На активноста се обратија и преставниците на мацинствата. Во своето обраќање преставникот на Македонците во Албанија, Васил Стерјовски се заблагодари на министерката за култура за организирањето на ова активност, која е прва ваква активност организирана од страна на некоја албанска институција и која има за цел промовирање на културата на малцинствата и побара од министерката Мирела Кумбаро да министерството за култура одреди посебен фонд за подршка на културата на малцинствата.
Ова активност имаше за цел истакнување и унапредување на нематеријалното културно наследство на малцинствата, што е исто така еден од приоритетите на Министерството за култура за оваа област. (Македониум)