Денес во училиштето “Трајан Ѓеорѓиовски и Митре Колевски” во Пустец беше одржана промоција на книгата „Сто години копнеж“ од охридскиот писател Мишо Јузмески.
За творештвото на авторот зборуваше Тоде Илиевски, а м-р Лидија Размоска зборуваше за „Сто години копнеж“, при што прочита делови од книгата.
Писателот Мишо Јузмески во име на Културно – информативниот центар “Култура 365” од Охрид донираше и книги за црквата и за училиштето во Пустец, каде значителен дел од наставата во училиштата се одвива на македонски јазик.
Претходно охридскиот писател Мишо Јузмески успешно реализираше промоции на книгата „Сто години копнеж“ и за Македонците во градовите Корча и Поградец во Албанија и во Охрид и Прилеп, Македонија. (Македониум)