Во Корча, во организација на Македонскиот културен центар “СОНЦЕ” и со подршка на општина Корча, на 1-ви март 2014 година, во просториите на Библотеката “Тими Митко”, со почеток во 12.00 часот ќе се одржи промоција на книгите “Улогата на САД во македонските голготи (1991-2013)” од амбасадорот Ристо Никовски и книгата “Држава – како се гради и брани” од проф. д-р Стефан Влахов Мицов, Македонец од Бугарија.
Познатата фолклорна интерпретаторка Ристана Рина Николова, на промоцијата, ќе исполни неколку изворни македонски песни. (Македониум)