Генералниот секретар на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, во Корча, оствари средба со директорката на царината за Округот на Корча, Ерјона Рафти.
Целта на ова средба беше поради зачестените поплаки на Македонците од Мала Преспа кој последниот период наидуваат на пречки на граничниот премин Горица и во повеќе случаи надлежните на овој граничен премин не им дозволуваат на Македонците да пренесуваат производи за дома а кој не се за трговија и кој се дозволени со закон.
Васил Стерјовски побара од директорката на царината во Корча, Ерјона Рафти да превземи мерки во иднина да не се попречуваат Македонците од Мала Преспа кој пазаруваат во Македонија и минуваат на овој граничен премин, бидејќи според законот дозволено е секој за домашна потреба да носи стока во вредност до 215 евра.
Директорката Ерјона Рафти од нејзина страна истакна дека никој вработен во царина не сме да ги попречува граѓаните кој според закон носат стока во вредност до 215 евра за домашна потреба и која не е наменета за трговија. При тоа директорката Ерјона Рафти побара од Васил Стерјовски да им пренесе на Македонците во Мала Преспа, кога ќе пазаруваат во Македонија да земаат фискални сметки за купената стока, и истата фискална сметка да ја покажат на царина за да можи да се потврди вредноста на стоката и според законот едно лице можи да пренеси стока во вредност до 215 евра и тоа само еднаш дневно.
Исто така, Васил Стерјовски со директорката Ерјона Рафти се договорија, ако во иднина некој Македонец од Мала Преспа, кој пренесува стока за домашна потреба во рамките предвини со закон, се попречува од страна вработените на граничниот премин Горица, да се извести директорка Ерјона Рафти која ќе превземи мерки кон тие вработени кој ја злоупотребуваат службената положба и овластување. (Македониум)