Признание за весник Македониум од Унијата на албанските новинари

Електронскиот весник Македониум e добитник на Признанието За особен придонес во промовирање на македонската заедница во Албанија, како и за придонесот во напредокот на односите помеѓу македонскиот и албанскиот народ, што го додели Унијата на албанските новинари, огранок Корча.

На свеченоста која што Унијата на албанските новинари, огранок Корча, ја организираше во Корча, по повод новогодишните празници учествуваа, градоначалникот на градот Корча, Сотираќ Фило, префектот на градот Корча, Ардит Кономи, претседателот на Унија на албанските новинари, Александар Чипа, главниот уредникот на весникот “Шќиптарја”, Анила Баша, како и новинари од Охрид, Македонија.

Претседателот на Унијата на новинари, огранок Корча, Ергет Ценоли, во својот поздравен говор истакна дека оваа година е една од најдобрите години за медиумите и новинарството во  округот на Корча.

“Не може да не спомнам дека, националните малцинства имаат направено чекори за поздравување во медиумските перформанси. Сега веќе имаме електронски весник “Македониум”, кој пренесува висока медиумска култура и непроценлив придонес во односите меѓу двата соседни народи, албанскиот и македонскиот.” – истакна Ергет Ценоли, претседател на огранокот на Корча на Унијата на албанските новинари.

Градоначалникот на градот Корча, Сотираќ Фило го додели Признанието за весникот Македониум, на Васил Стерјовски.

Васил Стерјовски се заблагодари за доделаното признание и при тоа истакна:

“Во име на редакцијата на весник Македониум, се заблагодарувам на Унијата на албанските новинари, огранок Корча, за ова признание.

Ова признание доаѓа на едно годишнината од основањето на весник Македониум, како единствен електронски весник во нашата земја на два јазици, албански и македонски и кој е посветен на македонската заедница во Албанија.

Ова признание не мотивира уште повеќе за промовирање на македонската заедница и се надеваме дека од 2014 година овој весник освен на интернет ќе успееме да го печатиме еднаш месечно.” – истакна Васил Стерјовски.

Весникот Македониум е основан во декември 2013 година и е посветен на македонската заедница во Албанија. (Македониум)