Традиционално, веќе неколку година во декември, во Мала Преспа се одржува манифестацијата Денот на виното.
Ова година, манифестацијата Денот на виното, денеска, се одржа во Долна Горица, општина Пустец во седиштето на Националниот Парк Преспа, придружени и од традиционални јадења од Мала Преспа.
На манифестацијата, традиционалните производители на вино од Мала Преспа, конкурираа за најдобро вино кое во Мала Преспа го одгледуваат речиси сите фамилии.
За најквалитетните вина се поделија награди, додека манифестацијата беше проследена со богата културно-уметничка програма и настап на фолклорната група од деветолетното училите “Отпорот на Горичени” од Долна Горица. (Македониум)