Министерот за социјална политика и младина Ерион Велиај, оствари средба со делегација на преставници на македонското, ромското, српско-црногорскоти, влашкото, бошњачкото и еѓиптјанското малцинство.
На средбата се разговараше за повеќе прашања поврзани со правата на малцинствата во Албанија, како непостоењето на закон за малцинствата со кој би се регулирало признавањето на сите малцинства и на целата територија на Република Албанија, реогранизација на Државниот комитет за малцинствата и негова функсионалност идр.
Преставниците на малцинствата се заблагодарија на министерот Велиај за средбата, бидејќи е прв министер од новата албанска влада кој прима делегација на малцинствата пренесува весник Македониум.
Од негова страна министерот Велија истакна дека почесто ќе се среќава со преставници на малцинствата со што би се решавале проблемите на малцинствата и дека ќе разговара со премиерот Еди Рама за покренатите прашања, посебно за реорганизација на Државниот комитет за малцинствата и разгледување на можноста да овој комитет помине под ингеренции на министерството за социјална политика и младина. На средбата како преставник од македонското малцинство учествуваше Васил Стерјовски. (Македониум)