На 100-годишнината од дипломатските односите меѓу Албанија и Романија и после 70 години, повторно се отвори во Корча, конзулат на Романија.
На инагурацијата присуствуваа голем број високи функционери, претставници на Романската амбасада, заедно со амбасадорот Виорел Стнила, претставници на министерството за надворешни работи заедно со министерот Дитмир Бушати, пратеници, претставници на локалната самоуправа, бизнисмени и претставници на медиумите.
Врските меѓу двете земји, од подолго време, се меѓу најдобрите и културната и трговската размена меѓу Корча и главно Букурешт, ја формираат основата за продлабочување на односите.
Почесниот конзул, Елвис Точи рече дека има за задача да ги пренесува економски и културните развитоци, како и да ги подржува романските граѓани во Албанија.
Но, според Точи, Романија продолжува да дава важен придонес за Албанија во областа на образованието и културата.
На инаугурацијата на козулатот присутен беше и Васил Стерјовски, активист на македонската заедница во Албанија, кој му честита на амбасадорот Виорел Станила за отворањето на конзулатот во Корча, изразувајќи се, дека се надева, во иднина и Република Македонија ќе има свој конзулат во градот Корча. (Македониум)