Панарити – Карајанов: Да се интензивира соработката меѓу двете земји во областа на земјоделството

Министерот за земјоделство, рурален развој и водостопанство Едмонд Панарите денеска го прими амбасадорот на Македонија во Албанија, Стојан Карајанов.

Министерот Панарити рече дека соработката меѓу двете земји треба да се интензивира во областа на земјоделството. Во овој контекст, министерот Панарити со задоволство ја прифати поканата од македонскиот министер за земјоделство Љупчо Димовски да во блиска иднина оствари посета на Скопје. Министерот Панарити изјави дека очекува во текот на оваа посета да се превземат конкретни чекори во соработката меѓу двете земји со посебен фокус на земјоделскиот сектор, како што се потпишување договори од заемен интерес, пренесува весник Македониум.

Во меѓувреме амбасадорот Карајанов ги презентираше достигнувањата на Македонија во земјоделскиот сектор и начинот на кој работи шемата за субвенции за земјоделците. Министерот Панарити изјави дека Македонија може да помогне со своето искуство во оваа област, особено во шемата на субвенции за земјоделците и привлекување на фондовите на ЕУ наменети за земјоделството. (Македониум)