Во Корча, во рамките на 25-годишнината од албанско – германската економска и културна соработка меѓу двете земји, се одржа еден настан каде се претставија проектите во регионот на Корча – Поградец кој се поддржани од страна на германската Влада, каде присуствуваа германскиот амбасадор Хелмут Хофман и градоначалниците на локалните самоуправи во регионот на Корча.
Амбасадор Хофман, спомнувајќи ги повеќето проекти кои се спроведуваат во Корча, кои изнесуваат околу 90.000.000 € инвестиции од страна на КФВ, вети дека во регионот на Корча, ќе следат други инвестиции во разни области, кои ќе се финасираат од страна на германската влада.
Исто така, беше преставен и еден проект за менаџирање на тврдиот одпад, преку кој единиците на локалната самоуправа во регионот на Корча се снабдија со нови канти и контејнери, вклучувајќи и контејнери за диференцирано собирање на отпадот, кои се поделија низ градските училиштата.
Во рамките на овој проект, германската амбасада донираше 17 камиони за собирање на отпад за локални единици на Корчанската област.
Активноста беше проследена со панаѓур во центарот на градот, организиран од страна на ГТЗ Корча.
Националниот парк Преспа со организациите на локалните производители се преставија во еден шатор и беа посетени од страна на германскиот амбасадор Хофман.
Министерство за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија, преку банката за обнова (КФВ ) финансира четиригодишен проект во Националниот парк Преспа во износ од 2,5 милиони евра. Овој проект се состои од четири компоненти, како управување на заштитните мерки, како и зајакнување на капацитетот на администрацијата на паркот, одржливо управување со шумите и пасиштата, подигање на свеста и вклучување на заедницата како и интегрирање на Концептот на Биосфера и координација со другите програми во регионот. (Македониум)