Ние сме Македонци, не сме Бугари: Македонец од Албанија зборува за својот идентитет

„Ние не сме Бугари, ние сме од Егејска Македонија“, вели жител на селото Врбник, во областа Девол во Албанија, во разговор со албанска новинарка.

Тој раскажува дека селото некогаш имало 85 куќи, додека денес во него живеат само 48 жители. Во разговорот се отвораат прашањата за иселувањето и националниот идентитет на жителите.

Соговорникот нагласува дека мештаните се Македонци. Објаснува дека по воспоставувањето на државните граници, тие останале да живеат на територијата на Албанија. Разговорот го пренесува „Весник Македониум“.