ВО КАНАДА ОДБЕЛЕЖАН 11 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА АНТИФАШИСТИЧКОТО ВОСТАНИЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Во организација на Организацијата “Обединети Македонци“ од Торонто, Канада и годинава беше одбележан 11 Октомври – Денот на антифашистичкото востание на Македонскиот народ во Втората светска војна.

Делегација на Организацијата “Обединети Македонци“ положи цвеќе пред споменикот “Во чест и вечна слава на паднатите борци за ослободување на Македонија и Македонскиот народ“.

Споменикот “Во чест и вечна слава на паднатите борци за ослободување на Македонија и Македонскиот народ“ е подигнат во 1979 година од Организацијата “Обединети Македонци“ пред Македонската православна црковна општина “Свети Климент Охридски“ во Торонто.

Панихида за сите знајни и незнајни јунаци и борци за слободата и обединувањето на Македонија богослужеа свештениците отец Александар Тодоровски, отец Горан Ристески и отец Јован Босеовски.

Поздравно обраќање пред присутните одржа претседателот на Организацијата Обединети Македонци, Ристо Дурловски кој го повтори заветот на Македонците за слободна и обединета Македонија!

По панихидата, Организацијата “Обединети Македонци“ организира свечен прием со закуска во МПЦО “Свети Климент Охридски“.