Европската Комисија му предложи на Советот да го укине правото на вето во преговорите со ЕУ

Европската Комисија предложи укинување на ветото во преговорите со ЕУ и гласање со квалификувано мнозинство. Еврокомесарката за проширување Марта Кос, денеска ја објави новата Коминукација за проширување на ЕУ и порача дека поголема Унија значи и пофикасна Унија.

Најави 5 чекори : практични решенија во однос на управувањето, владеењето на правото и политиките на ЕУ; постепена интеграција пред полноправното членство; заедничка рамка со заштитни механизми, прилагодување на политиките на ЕУ и патокази за 4те земји фаворитки.

– Можеме да ги користиме „пасарел“ (преодните) одредби за квалификуваното мнозинство. Може да се намалат областите каде што една земја става вето на заеднички одлуки. На пример, за санкциите, даночните измени или за чекорите помеѓу отворањето и затворањето на пристапните преговори, изјави Марта Кос.

Во документот од 25 страни – Комисијата му препорачува на Советот да се согласи со примената на квалификуваното мнозинство, но сепак, ветото останува како можност на самиот крај од преговорите со ЕУ.

Комуникација на Европската Комисија: Подготовка за поширока Унија: За самото пристапување и понатаму би била потребна едногласна одлука на Советот, по консултација со Комисијата и добивање согласност од Европскиот парламент, како и ратификација на договорот за пристапување од страна на сите држави-договорнички, во согласност со нивните соодветни уставни барања.

Според Комуникацијата, во иднина новите членки би се обврзале ограничен период да не се спротивставуваат на одлуките на Европскиот совет за идните проширувања и билатералните спорови.

Комуникација на Европската Комисија: Подготовка за поширока Унија:

Билатералните прашања што не се поврзани со критериумите за пристапување треба да се решаваат преку соодветни билатерални или меѓународни механизми. Обврската би била утврдена во декларација што го придружува договорот за пристапување.

Марта Кос денеска порача дека ЕУ не го заборавила Западен Балкан. Најави поамбициозна рамка за постепената интеграција и нагласи дека тоа не е замена за полноправното членство, туку начин да се забрза процесот на проширување. Постепената интеграција пак ќе бара два клучни елементи: напредок во реформите и стратешко усогласување.

Случајот со патоказите кои ќе ги добијат 4те фаворитки за членство – Црна Гора , Албанија, Украина и Молдавија, Марта Кос го спореди со автомобил.

– Со години слушаме дека Европската Унија го заборавила Западен Балкан. Две од водечките земји се од Западен Балкан. И зборував за патоказите. Тие всушност важат за сите. Но има смисла само за оние кои се толку напредни и на кои им треба патоказ. Ова би го споредила со автомобил, доколку автомобилот не работи, нема смисла да го туркаме одназад – ако моторот не му работи. А моторот ќе работи само со гориво, а горивото се реформите во земјата, изјави еврокомесарката за проширување.

Кос најави дека на 29ти октомври, заедно со годишните извештаи на Комисијата за напредокот на земјите ќе бидат претставени и патоказите за 4те фаворитки, меѓу кои не е Македонија.

Порача дека не се создава ЕУ во две брзини, туку дека ЕУ земји каде ќе има целосно владење на правото. Предлог – Комуникацијата на ЕК ќе се разгледува за време на Европскиот Совет на 15ти октомври.