ФОНДАЦИЈА ДОКТОР ЛЕФТЕР МАНЧЕ, ГИ ДОДЕЛИ ГОДИНАШНИВЕ НАГРАДИ НА ТРОЈЦА НАЈДОБРИ СТУДЕНТИ

По повод 91-иот роденден на доктор Лефтер Манче – основач и единствен вистински сопственик на Фондацијата за образование и култура ДОКТОР ЛЕФТЕР МАНЧЕ – Скопје, денес во Скопје се одржа свечена седница на управниот и надзорниот одбор на Фондацијата.

И годинава Фондацијата за образование и култура ДОКТОР ЛЕФТЕР МАНЧЕ – Скопје додели три еднократни годишни награди по илјада канадски долари за најдобрите студени од трета студиска година на Филозофскиот факултет – Скопје – Институт за историја при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје, Филолошкиот факултет “Блаже Конески“ – Скопје – Катедра за македонски јазик при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје – Скопје при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје.

Еднократната годишна награда на Филолошкиот факултет – Скопје – Катедра за македонски јазик и книжевност при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје ја доби студентот Мартин Димески.

Еднократната годишна награда на Филозофскиот факултет – Институт за историја при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје ја доби студентот Гораст Србиновски.

Еднократната годишна награда на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје ја доби студентката Дамјана Лавска.

Наградените студенти се заблагодарија на основачот на Фондацијата ДОКТОР ЛЕФТЕР МАНЧЕ за доделените награди.
Присутните ги поздрави доктор Лефтер Манче, кој им посака добредојде на членовите на управниот и надзорниот одбор на Фондацијата за образование и култура ДОКТОР ЛЕФТЕР МАНЧЕ – Скопје.

Доктор Лефтер Манче се заблагодарни на присутните и евоцираше спомени за: неговите родители и браќа – учесници во ДАГ, сите убиени во Граѓанската војна во Грција; неговата голгота од Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година до Унгарија; и за неговиот живот и дело.

– Фондацијата ќе работи транспарентно и одговорно, ќе се финансира од дивидентата на акциите вложени во АД Алкалоид Скопје. Акциите, се разбира, ќе бидат сопственост на Фондацијата. Во зависност од големината на дивидентата управниот одбор ќе може да доделува награди на повеќе студенти на Филозофскиот факултет – Скопје – Институт за историја при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје, Филолошкиот факултет “Блаже Конески“ – Скопје – Катедра за македонски јазик при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје – Скопје при Универзитетот “Свети Кирил и Методиј” во Скопје, – рече во своето обраќање доктор Лефтер Манче.

Присутните, роденденот на доктор Лефтер Манче го прославија со пригодна закуска.