ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА “МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТСКИ ПРАШАЊА“ ОД ПРОФ.Д-Р ЈОВАНКА КЕПЕСКА

Во организација на Глобалната македонска фондација ВЕЧНА, на 1 октомври 2026 година, четврток, со почеток во 19:00 часот, во Музејот на македонската револуционерна борба во Скопје ќе се одржи промоција на книгата “Македонски идентитетски прашања“ од проф.д-р Јованка Кепеска.

Влезот е слободен за сите добронамерници и љубители на пишаниот збор и Македонија.

– Македонскиот идентитет го осознаваме, осознавајќи се себеси, притоа, преку сите општествено-хуманистички, но и преку природните и техничките науки, преку сите облици на уметноста (книжевност, ликовна уметност, музика), како и преку моралот и религијата. Според науката, ги осознаваме нашата посебност како народ, нашето создавање, развојот, јазикот, народните обележја, менталитетот, моралните и духовните вредности. Идентификацијата на македонскиот народ се одвивала континуирано, од самиот период на своето формирање, во периодите кога македонскиот народ се наоѓа во преднационално раздобје, искажувајќи ја својата посебност преку народното творештво. Круме Кепески ќе рече дека тоа е период кога сме имале литература, иако не сме имале литературен јазик, – се вели во јавната покана на Глобалната македонска фондација ВЕЧНА.