Доналд Лу, именуваниот од претседателот Барак Обама на функцијата американски амбасадор во Албанија за време на сослушувањето на Поткомитетот на Сенатот за Европски Прашања, изјави дека САД треба да продолжат да ги поддржуваат заштитата на малцинските права во Албанија, зајакнувањето на демократските институции и ги пофали неодамнешните парламентарни избори во Албанија.
“Изборите беа најдобри што досега Албанија ги има организирано, имаше мирна транзиција на власта, но демократијата не е само избори. Ние ке ги потикнеме лидерите на двете партии во борбата против организираниот криминал, шверцот и корупцијата. САД треба да продолжат да ја поддржуваат зголемената гласност на граѓанското општество, заштита на правата на малцинствата, судската независност и одговорноста на политичарите.”
Американскиот дипломат изјави дека САД целосно ги поддржува целите на Албанија за влез во Европската унија.
“Економија на Албанија имаше огромен раст со текот на годините, но како и економиите на многу други сојузнички земји, стагнира во последните две години. Има две опции за нејзина закрепнување: прво, способноста на Албанија да превземи значајни економски реформи, за да се создаде здрава атмосфера за бизнисите, и второ, зајакнување на економските партнерства на Албанија со Европа и Соединетите Американски држави “.
За мала земја од само 3 милиони жители, рече тој, Албанија несомнено дава голем придонес за нејзината големина и САД треба да ја поддржат за модернизација на вооружените сили со стандардите на една земја НАТО сојузник.
“Во исто време, ние треба да му помогнеме на Албанија во борбата против корупцијата и одговорноста во рамките на војската, да таа ги исполни највисоките стандарди на еден НАТО сојузник “.
Доналд Лу е дипломат од кариера и за повеќе од две децении тој служеше во Стејт Департментот, работејќи во новите демократии кои произлегоа од земјите од поранешниот Советски Сојуз и Источна Европа. (Македониум)
Ne Shqiperi, politikanet e majte dhe te djathe,kane nje koncept te cunguar ne fushen e te drejtave te pakicave kombetare.Kur u be regjistrimi i popullsise nuk u puna te dilte realiteti i pakicave kombetare, por perkundrazi u perdoren dy taktika: disa heshten dhe disa parti ekstremiste te vetequajtura patriotike u hodhen ne aksion per ta sabotuar censusin, dhe ne fakt e sabotuan.Pra, nuk jemi me teorine per te fryre numurin e pakicave kombetare por duhet te dale realiteti dhe venbanimi i tyre, ku ne saj te ketyre dy te dhenave shteti te ndertoje politika ne fushen e arsimimit ne gjuhen amtare,te investoje per te ruajtur kulturen dhe traditen e tyre dhe pse jo te ndikoje edhe per problemet e punesimit.
Eshte bere zakon qe trajtim te mire te pakicave kombetare e quajne faktin: “Ja, ne nuk i trazojme, i kemi lene te lire te ushtrojne te drejtat e tyre”. A mund te ushtrosh te drejta pa perkrahje te shtetit, kur ne televizionin shteteror shqiptar nuk i jepet as nje ore ne dite minoriteteve, kur ne parlament nuk eshte gjetur mundesia per ta perfaqesuar, kur ne zyrat e shtetit te percjellin me buzeqeshje pa te bere pune etj.
Me sa di une nuk paska as Ligj per trajtimin e pakicave kombetare e tj.
Nuk e kuptoj ke quajne trajtim politikanet shqiptare?