Новиот американски амбасадор, Лу: САД ќе подржат заштита на малцинствата во Албанија

Доналд Лу, именуваниот од претседателот Барак Обама на функцијата американски амбасадор во Албанија за време на сослушувањето на Поткомитетот на Сенатот за Европски Прашања, изјави дека САД треба да продолжат да ги поддржуваат заштитата на малцинските права во Албанија, зајакнувањето на демократските институции и ги пофали неодамнешните парламентарни избори во Албанија.

 

"Изборите беа најдобри што досега Албанија ги има организирано, имаше мирна транзиција на власта, но демократијата не е само избори. Ние ке ги потикнеме лидерите на двете партии во борбата против организираниот криминал, шверцот и корупцијата. САД треба да продолжат да ја поддржуваат зголемената гласност на граѓанското општество, заштита на правата на малцинствата, судската независност и одговорноста на политичарите."

Американскиот дипломат изјави дека САД целосно ги поддржува целите на Албанија за влез во Европската унија.

"Економија на Албанија имаше огромен раст со текот на годините, но како и економиите на многу други сојузнички земји, стагнира во последните две години. Има две опции за нејзина закрепнување: прво, способноста на Албанија да превземи значајни економски реформи, за да се создаде здрава атмосфера за бизнисите, и второ, зајакнување на  економските партнерства на Албанија со Европа и Соединетите Американски држави ".

За мала земја од само 3 милиони жители, рече тој, Албанија несомнено дава голем придонес за нејзината големина и САД треба да ја поддржат за модернизација на вооружените сили со стандардите на една земја НАТО сојузник.

"Во исто време, ние треба да му помогнеме на Албанија во борбата против корупцијата и одговорноста во рамките на војската, да таа ги исполни највисоките стандарди на еден НАТО сојузник ".

Доналд Лу е дипломат од кариера и за повеќе од две децении тој служеше во Стејт Департментот, работејќи во новите демократии кои произлегоа од земјите од поранешниот Советски Сојуз и Источна Европа. (Македониум)