Видео: Еве како Италијанците ја видоа Мала Преспа

На италијанската национална телевизија РАИ 3 новинарот Стефано Марчели ја објави репортажата од Мала Преспа, за историските и културните знаменитости на Мала Преспа, на Преспанското Езеро како и на Националниот парк Преспа.

Марчели за Мала Преспа дознал од неговите пријатели, а подоцна сите информации си ги нашол на Интернет. Од она што го видел, впечатокот му е дека Мала Преспа е показател како илјадници години луѓето живееле заедно едни со други и ја донеле цивилизацијата онаква кава што е денеска.

„Кој доаѓа во Мала Преспа и ги допира со рака и ги гледа со свои очи овие  милениумски сведоштва на културното археолошко наследство, чувствува дека тука илјадници години живеела една цивилизација и му станува јасно дека ова е сведоштво на цивилизацијата, и не е сопственост на една држава или на некој друг. Оваа цивилизација нема име на држави, но има име на една заедница на луѓе, и е многу важен фактор за Медитеранот кој е лулка на цивилизацијата, таква каква што е денеска,“ вели Марчели во интервјуто за  „Македониум“.