Интервју со проф. Игор Јанев за спорот за името со Грција

Проф. Игор Јанев, е научен советник на Институтот за политичките студии, во Белград. Член e на Академскиот Совет за системот на ОН. Автор на 18 книги и над 170 научни трудови во мегународните списаниа во областите на дипломатијата и мегународното право.

1. – Македониум…: Се согласувате ли со оценката дека преговорите што ги води Метју Нимиц се влезени во ќорсокак и дека тука веќе немаме што да бараме?

1) Кратко кажано, јасно е дека преговорите што ги води Метју Нимиц се влезени во ќорсокак. Прво, како што гледаме од пресудата од Хаг донесна по тужбата на РМ против Грција, ние според резолуцијата на СБ ОН 817. не РАЗГОВАРАМЕ, туку како што се вели во истата ПРЕГОВАРАМЕ за името (односно во Пресудата се користи на сите места поим ”Negotiations” , а не ”Talksили сличен израз). Само правно неуки квази експерти, сеуште сметаат дека ние РАЗГОВАРАМЕ, а не ПРЕГОВАРАМЕ за името! Преговорите што ги води Метју Нимиц се влезени во ќорсокак бидејки три аспекти неможаат никогаш да се доближаат во овие односи, а тие се:

1. Место на кое треба да стои Република (пред или по дополнителната одредница Горна или нпр. Северна), и овде заклучуваме дека нема да може нокогаш да се постигне компромисот;

2. Опсегот Erga Omnes е за Грција Conditio sine qua non  ( условот без кои се не може), а подразбира користење на компромисното име и во односите со сите 134 (или повеке) држави што веке не признале под уставното име, потоа и со државите и организациите надвор од ОН, како и користење во сопствениот правен поредок (лични документи, пасоши итн.). Ова подразбира откажување од правото на самоопределувањето сопствен правен идентитетот ( името е правен идентитет во меѓународната правна комуникација), и правото на неинтереферирањето во строгата внатрешна јурисдикција на државата. Опсегот Erga Omnes е, како што гледаме апсолутно невозможен услов за Македонија; 3. Од фактот дека Македонија е зачленета со два нелегани услови при примеот во ОН, генерирана е и ситуацијата, според која се овозможува Грција да ја уценува Македонија и со поширок опсег на идентитетски прашања, који Република Македонија никогаш не би можела да ги прифати, а тие се однесуваат на, покрај името, елементите на историско  – културни идентитет, па и името на народот и јазикот. Од сите спомнати аспекти и на лаикот е целосно јасно дека политичкиот компрпомис и решение за името не е возможно. Во мегународното право, како општо правило, не е возможно да се преку ваков механизам на преговори, една земја која принципијелно непризнава друга земја во есенцијален елемент на субјективитетот, доближи до мегународното признавање на истата држава со таков елемент.

2. – Македониум…: Одамна ја заговарате идејата да се вратиме онаму каде што и почна проблемот – во Генералното собрание на ОН (ГСОН). Дали се согласувате со предлогот на претседателот Иванов да го покренеме прашањето пред Советот за безбедност (СБОН)?

2) Државите, како што е познато немаат ексклузивни права на имиња. Оттука, државите како меѓународни јавно-правни субјекти имаат полна правна слобода да избираат своето име  (името е правен идентитет во меѓународаното право и есенцијален елемент на меѓународано- правниот субјктивитет). Понатаму, менување имиња не влијае врз територијалните права и обврски на државите (својата држава или туѓата држава).   Проблемот со името за Македонија е настанал при приемот во Обединетите нации под дополнителните услови надвор од пропишаните во Повелбата на ОН! Како што е покажано во светската наука, референцата или попрецизно (правнички изразено) деноминацијата (Бивша Југословенска Република Македонија) претставуа еден од два нелегални услови при приемот на Република Македонија во Обединетите нации 1993.  Вториот нелегален дополнителен услов (покрај деноминацијата) при приемот е обврската за преговорите за сопствениот правен иденитет (името на државата). Како што е докажано во науката ваквите два услова во време надминуваат чин на примот (временски го трансцедираат) и се противни на Советодавното мислење дадено од Мегународниот суд на правада (МСП)1948.г. со кое се одговара на прашањето од ГСОН дали посебни дополнителни услови смеат да се поставуваат и за нив да се гласа, надвор од оние пропишани во член 4 од Повелбата. Негативаен одговор на судот на ова прашање, имено дека за таквите не смее да се гласа во Советот за безбеднот и Генералното собрание на ООН, е потоа прифатен и од Генералното собрание на ООН (ГСОН), како толкување на член 4 од Повелбата.  Овде, мојот научен придонес е што направив научната врска мегу познатото мислење на МСП од 1948. г. со македонскиот случај со името. Мојот придонес во светската правна наука е денес неспорен во врска со случај за името во ОН!

Мегу другото,  јас предложив  користење на преседанот од 1948 (на МСП), и за решавање на македонскиот случај со името односно нелегалната деноминација. Имено, Република Македонија треба да иницира (предлог) резолуција на Генералното Собрание на ОН со која се поставува прашање дали се специфични услови за приемот на државата и статусот се во согласност со Повелбата на ОН. По прифаќањето на советодавното мислње од МСП, Генералното собрание на ООН, треба да воспостави уставното име Република Македонија во ООН. Во науката ова представува единствен начин за решавање на проблемот со името во ОН!

Наместо реализирање на ваков озбилен предлог во ОН, гледаме во медиумите дека фигурира предлогот на претседателот Иванов да го покренеме прашањето пред Советот за безбедност за ефектуирање на пресудата од Хаг. Овој тнр. предолг нема, очгледно да помине во СБОН (право на ВЕТО имаат пет постојани членки, од кои двете се грчки сојузници), а најмногу што можеме да добиеме е Претседателско соопштение на СБ на ОН во македонска полза за почитување на пресудата, без обврзувачки ефект. Предлогот на претседателот Иванов очигледно потекнува од тнр. експерти кои немаат ниту еден труд во светката научна периодика односно индексирани научни списаниа, а кои се единствено релевантни извори за проценката на стручноста и научната валидност. Од предлогот на Иванов можеме да заклучиме дека претседателот не познава меѓународното јавно право и дека нема соодветна експертиза во мегународните односи!

3. – Македониум…: Што може од Советот за безбедност да очекуваме?

3) Од Советот за безбедност можеме да очекуваме во врска со предлогот на претседателот, при најоповолен оптимистички исход резолуцијата на овој орган со која ќе се повика Грција да ја почитува пресудата на МСП, но дури и ваквата резолуција нема да има никаков ефект врз однесувањето на Грција и сојузниците на Грција. Имено, ваквите акции во СБОН нема да донесат никаков конкретен придонес во процесот на решавањето проблемот со името! Проблем со името, кои потекнува од кршењето на Повелбата на ОН има мултилатералната природа, и тоа на релацијата меѓу ООН и Република Македонија, со оглед на тоа дека на Македонија и се кршат членските права во ОН. Тој проблем не се разрешува во СБОН, туку мора да се решава, по примерот на преседанот  од МСП од1948. во Генералното собрание на ОН (преку поставување прашање до МСП за легалитет на дополнителните услови). Се друго е губење време и енергија. Планерите на стратегијата на Иванов, се чини дека, лаички сметале дека одговорноста за името е се уште лоцирана во СБОН, не сфаќајки дека одговорноста за проблемот со името е сега лоцирана во надлежност на Генерален секретар на ОН, а не во СБОН! За жал овој факт на многу мал број државните фактори е познат во Македонија.

4. – Македониум…: Би го поддржале ли предлогот за отворање на уште еден процес пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг?

4) Предлогот за отворање на уште еден процес пред Меѓународниот суд на правдата во форма на тужба е очигледно губење време и претставува дефитистичка опција која и покрај евентуално успешен исход, води до неповолен општ исход, земајки во предвид и губење време и енергија,  бидејки не се тангира основниот проблем со името во ОН! Овој предлог потекнува од луге како Ристо Никовски који воопшто немаат соодветно познавање на правната природа на проблемот со името во ОН, ниту разбираат мегународното право! Предлогот за отворање на уште еден процес пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг е смешен.

5. – Македониум…: Значи цврсто останувате на покренување на прашањето на продолжување членството во ОН под уставното име односно покренување на прашањето на прием и статус на Македонија во ОН со дополнителни услови, што е против Повелбата на ОН. Како би требало да се изведе оваа процедура?

5) Во судското мислње од 1948, јасно се каже дека политичките консидерации неможаат да се земаат во предвид при оценката за подобноста за прием (“political considerations could be superimposed upon them, and prevent the admission of an applicant which fulfils them”), овластувањата на СБОН и Генералното собраине се правно огрничени, а признавањето од друга држава (случјот со Португалија, Финска, Ирска, Трансјорданија, Италија, Австрија и Ирска) е дополнителен услов. Имено, политичките и безбедносните консидерации на СБОН не влијаат врз правото на прием без дополнителните услови, како се вели во документот. Земајки предвид ово прифатено мислење, Македонија може да заобиколи СБОН, и со коспонзорите да постави прашањето за дополнителите услови директно на Генералното собрание на ОН! Република Македонија, со коспонзори треба да иницира предлог резолуција на Генералното Собрание на ОН со која се поставува прашање дали се специфични услови за приемот на државата и статусот се во согласност со Повелбата на ОН. Ова се поставува до МСП, кои донесува Советодвното мислење за легалитет на дополнителните услови, кое се враќа како одговор  до Генералното собрание на ОН. По прифакањето на ова мислње, со истата резолуција на Генералното собрание, Македонија со други држави, коспонзори, ќе го воведе уставното име во ОН.

6. – Македониум…: Што се треба да се направи пред да се напише тоа писмо или направи предлог до Генералното собрание на ОН?

6) Треба да се направи со држави – коспонзори на Р. Македонија стратегијата да се постави предлог резолуцијата на Генералното собрание (со содржано прашање до МСП) и да се истата изгласа. Односно прво да се реализира предлог – точка на дневен ред на Генералниот комитетет на Генералното собрание на ОН. Генералниот комитетет донесува одлука за точки кои ке бидат на дневениот ред на ГСОН.  Предлог резолуцијата мора да содржи слична аргументацијата како 1947. односно повикување на преседанот од 1948. со соодветна аргументација за дополнителните услови и кршење на членските права, а со ова и правен поредок на организацијата на ОН. Должноста на секоја држава – членка на ОН е да се штити правен поредок на Организацијата. Процедурано, и во Генералниот комитет и во Генералното собрание на ОН се гласа со простото мнозинство (од присутните и кои гласаат).

7. – Македониум…: Можеме ли да го обезбедиме тоа мнозинство? И Грците нема да седат со скрстени раце?

7) Со подршката од државите – коспонзори, земајки предвид и фактот дека сме веке признаени од 134 држави во ОН под уставното име, нема да имаме никаков проблем да предлогот резолуцијата помине во ГСОН. И покрај грчката против – акција, дури и ако само половина од  тие 134 држави во ОН, гласаат за поставување прашање од ГСОН за судот, ке имаме поволен исход. Резолуција ке биде усвоена.

8. – Македониум…: Ни треба ли спонзор за отворање на ова прашање пред Генералното собрание?

8) Државите -Спонзорите на резолуцијтата ке бидат најверојатно некој држави од поранешната југославија и Турција.  Овој дел од стратегиајата нормално ќе биде тајна, но тие спонзори ќе бидат земји со кои Македонија има блиски односи.

9. Тоа значи дека за реаливно краток период во споредба со другите предлози, може да се очекува резултат?

9) Судските мислења од овој вид се донесуваат за помалку од 10 месеци. Односно мислењето ќе биде подготвено, како одговор до следното Генералното собрание (кое почнува следаната година).

10. – Македониум…: Во што е стравот во македонското раководство да го покрене ова прашање?

10) Стравот во македонското раководство да го покрене ова прашање потекнува од релатвно нестручни лица или дефетисти од типот на Ристо Никовски, кои веруваат дека постои или некаков априорен став (или заговор) од САД или пр. ЕУ, или дека ние неможеме да истуркаме резолуцијата на Генералното собрание на ОН, дека ќе треба да поминеме СБОН и слично. И многу други квази стручњаци, без елементарното познавање на проблемот со името и правото на мегународните организации се постираат во медиумите кои за жал македонската главно неука медиумска јавност ги смета за експерти за проблемот со името. Понатаму, врвните државни институции сметаат дека ваквите мислења од експерти (од типот Никовски, Малески, Мирчев и сл.) се меродавни мислења. Покрај нив имаме и претседателски кандидати (како пр. С. Керим) кои сметаат дека ние сме всусност  членка на ООН од 1945 (со ФНРЈ), кои ова теза ја туркаат, дури и по пресудата во која се јасно третираме како нова членка на ОН од 1993. Покрај оваа банална заблуда имаме и куп оние дипломати, советници и квази-научници кои сметаат дека FYROM во сите случаи треба да се користи во нескратената форма (the Former….), бидејки ова е демек помалку навредувачки, неразбирајки дека и скратената и нескратена верзија на реферирањето претставуваат во еднаква мерка нелегална деноминација. Се додека оваа состојба со квази стручњаци е ваква каква што е, македонското раководство нема да направи озбилни чекори во соодветен правец. Луге како претседателот Иванов и покрај својата чесност и научната биографија немаат допир до соодветните совети, па пр. во различни ситуацији се обидуваат да го објаснат проблемот со името преку човечките права. Ваков наивен пристап го забележивме и кај премиерот Груевски кои на претходното Генералното собрание  на ОН 2013. се повика на правото на самоидентификијата на народот односно колективните права на народот! Од овие изјави на премиерот Груевски, се гледа дека македонските советници и дипломати или експерти не ја праваат разликата меѓу човечките права (колективините права) и правата што се однесуваат на држави (сосема друга правна гранка) и, поконкретно, правата на државите – членки на ОН!  Со други зборови, според мое мислење, сите досегашните влади се потпираа на самобендисаните неспособни или полу-способни дипломати или поедини професори од правен факултет, без да ја консултираат науката. Медиумите од своја страна, заради политичките и партисикте интереси, ги фаворизираа ваквите лица и нивните предлози, па заради ваквото однесување и дојодовме на ваквото дереџе! (Македониум)