СТУДИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ОХРИДСКО-ПРЕСПАНСКИОТ РЕГИОН

Македонија и Албанија имаат заеднички паркови во граничната област, Пелистер, Галичица и Преспа Паркот, кои имаат статус на национални паркови. Регионот Охрид - Преспа има исклучителни природни културни и економски вредности и проектот "Прекугранична  резерва Охрид - Преспа, поддршка на Националниот парк Преспа во Албанија" има за цел воспоставување на Прекуграничен биосферен резерват (ПБР), во согласност со програмата "Човекот и биосферата "(MAБ) на UNESCO и воведувањето на овој регион на листата на паркови, кои се заштитени од UNESCO.

Национален парк Пелистер

Национален парк Пелистер


Во рамките на овој проект, Министерството за животна средина на Албанија, организира неколкудневно студиско патување со учество на новинари од Албанија и Македонија, локалните актери и специјалисти за заштита на природата. Ова патување кое траеше четири дена имаше за цел запознавање на новинарите и вработените во парковите со главните карактеристики на територијата предложена да биде номинирана како Прекуграничен биосферен резерват Охрид-Преспа.

Национален парк Галичица

Национален парк Галичица

За време на патувањето, учесниците се запознаа со управувањето со националните паркови Пелистер и Галичица во Македонија и Националниот парк Преспа во Албанија, одбранбените политики и имплементација на програмите и еколошката едукација и во исто време меѓусебна размена на искуства со цел заштита на природата и промовирање на вредностите на двете страни на границата.

Од студиската посетата Националниот парк Пелистер

Од студиската посетата Националниот парк Пелистер

Првиот ден од патување се посетија двата информативни центри на  Националниот парк Галичица во Охрид и Стење, каде што учесниците беа запознаени со богатиот биодиверзитет на Националниот парк Галичица која има национално, европско и глобално значење. Националниот парк Галичица е "жариште" на биодиверзитетот на Балканот и во Европа и се простира на територијата од 24.000 хектари.

Национален парк Пелистер

Национален парк Пелистер

Вториот ден од патувањето учесниците го посетија инфорамтивниот центар на  Националниот парк Пелистер, кој е најстариот прогласен парк во Македонија и зафаќа површина од 17.160 хектари, доминираа борот "Молика". Паркот има богата и разновидна флора и фауна. Исто така, во паркот се наоѓаат две езера, една езерото зафаќа површина од 4 хектари, а другото 400 метри.

Од студиската посетата Националниот парк Пелистер

Од студиската посетата Националниот парк Пелистер

 Два други дена студиско патување продолжи во Националниот парк Преспа во областа Пустец во Албанија и Тушемиште во Поградец. Учесниците се запознаа со природни убавини, флората и фауната, археолошките ископувања и спомениците на културата. Националниот парк Преспа е прогласен со одлука бр.80 на Советот на министри од 18 февруари 1999 година. Од спроведените студии во периодот 2011-2012 година, идентификуван е висок биодиверзитет во Националниот парк Преспа. Ботаничките студии откриваат дека во паркот се наоѓаат 1061 растителни видови, од кои шест видови се ендемични за регионот, што значи дека во Националниот парк Преспа пронајдени се речиси една третина од флората на Албанија. Од изведените студии беа идентификувани 60 видови на цицачи, 132 видови на птици, 23 видови влекачи, 11 вид на амфиби, итн. Исто така, од проучувањето на печурките, кој преставуваат добар приход за месното население во Преспа, евидентирани се дека во регионот се наоѓаат 362 видови на печурки од кои 82 видови се нови за регионот.

Национален парк Преспа

Национален парк Преспа


Волфганг Фремут, директор на проектот "Прекугранична резерва Охрид-Преспа, подршка за Националниот парк Преспа во Албанија", за весникот Македониум изјави дека Националниот парк Преспа е многу богат со суштинските елементи од ресурсите на биосферата, исто како Пелистер и паркот Галичица во Македонија.

Национален парк Преспа

Национален парк Преспа

"Националните паркови имаат значаен аспект на конзервација на биосферните резерви, и одржувањето на овие вредности ќе им даде на UNESCO прилично силен аргумент. Има многу малку места кои ги штитат Прекуграничните биосферни резерви во светот. Од 610 биосферни резерви само 16 се погранични и Преспа Парк ќе биде 17-ти "- изјави Волфганг Фремут за весникот Македониум.

Национален парк Преспа

Национален парк Преспа

Меѓу трите паркови за кои се работи да се стават на листата на UNESCO, паркот Преспа е најголемиот и опфаќа површина до 27 илјади хектари. Паркот Пелистер зафаќа површина од 17.000 хектари, додека Галичица од 24.000 хектари..

Национален парк Пелистер

Национален парк Пелистер

Студиското патување низ национални паркови на Прекуграничните резерви на биосферата на Охридско-преспанскиот базен, беше патување со големи запознавачки студиски вредности за заштита на шумите, езерата и менаџирање и поттикнување на заедницата за соработка за успешна реализација на овој проект од заеднички интерес. (Македониум)

 

Прилог на ТВ ЛОБИ за студиското патување

 

Прилог на ТВ ТЕРА за студиското патување

 

Прилог на ТВ ОРБИС за студиското патување