Васил Стерјовски: Интервју за бугарската телевизија НОВА ТВ за бугарската пропаганда во Албанија

Претседателот на единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Васил Стерјовски, на својот фезбук профил објави дека снимаше интервју за бугарската телевизија НОВА.

Подолу ја пренесуваме целата објава на Стерјовски и разговорот со новинарот на НОВА ТВ.

– Имав чест да снимам интервју со новинарската екипа на бугарската телевизија НОВА во Корча. Разговаравме отворено за бугарската пропаганда во Албанија и разните методи кои Бугарија ги користи за асимилација на Македонците во Албанија.

Им благодарам на новинарите од телевизија НОВА што ме поканија за ова интервју и се надевам дека ќе биде емитувано без цензура. Важно е бугарската јавност да ја дознае вистината за тоа што нивната држава, злоупотребувајќи го членството во Европската унија, прави за да ги асимилира Македонците во Албанија.

Ова е мое прво интервју за бугарски медиум и се надевам дека ќе побуди интерес во Бугарија. Се надевам дека и други бугарски медиуми ќе се охрабрат да истражуваат и објавуваат како нивната држава користи методи од 19 век со цел да ги негира и асимилира Македонците во Албанија.

Целиот разговор со бугарските новинари го снимав и јас и го објавувам целосно.- пишува Стерјовски.