Албанскикот народен правобранител, Игли Тотозани, откако деновиве им даде целосна поддршка на малцинствата во Албанија за остварување на нивите права, во изјава за телевизијата Лоби, го изнесува ставот дека тие во албанското општество се уште го немаат местото што го заслужуваат.
– Во едно општество какво што е албанското, кое само што излегло од една трауматича диктаторска ситуација и е во транзиција која за жал се уште продолжува, најмногу страдаат малцинствата. Тие се групациите кои се уште го немаат местото кое го залужуваат. Ние треба заедно да работиме за во ова општество да нема тензии, тешко е да се постигне ова цел но ова треба да е нашата цел. И едно општество што нема тензии е општество каде што правата и стандартите се даваат, се признааваат, се почитуваат и секогаш им се подобруваат на сите групации и на сите поединци, изјави Тотозани.
Недоамна во рамките на петдневната Академија за малцинствата, што албанската група за човекови права ја организираше во Москополе, Тотозани вети подобрување на правата на малцинствата и формирање работна група, чија задача ќе биди изготвување посебен извештај за положбата и правата на малцинствата, кој ќе биде доставен до новата албанска влада и парламент.
Телевизијата пренесува и изјава на претставникот на Македонците, Васил Стерјовски, кој вели дека почитувањето на правата на малцинствата е една од главните препораки што Европска Унија ги бара од Албанија за добивање на кандидатски статус за членство во ЕУ.
– Од 12 препораки што ЕУ ги има поставено на Албанија за добивање на кандидатскиот стаус е и 11-та препорака која се однесува на почитувањето на правата на малцинствата.
Албанија другите препораки ги има исполнето додека за 11-та препорака која што конкретно е поврзана со правата на малцинствата, нема направено ништо овие години.
Напротив, се случува уназадување на правата, како што е бришењето на националноста од регистрите од матичната евиденција.
Со овој извештај ние сакаме да и помогниме на Албанија да добие кандидатски статус во декември затоа што и ние сме лојални граѓани на ова држава и сме заинтересирани за интегрирање на Албанија во ЕУ, изјави Стерјовски. (Македониум)