Македонска алијанса на средби со студентите Македонци од Република Албанија кој студираат во Република Македонија

На 7-ми и 8-ми јуни 2013 година, делегација на Македонска алијанса за европска интеграција, предводена од претседателот Едмонд Темелко, генералниот секретар Васил Стерјовски, кординаторот за регионот на Корча Елена Зоркала и носителот на листата на Македонска алијанса за регионот на Корча, Валентина Нестор, остварија средби во Скопје, Прилеп, Битола и Охрид со студентите Македонци од Република Албанија, кој студираат во Република Македонија.

 Од средбите со студентите во Скопје

Од средбите со студентите во Скопје

На средбите учествуваше и Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес и преставници од министерствата за надворешни работи и образование на Република Македонија.

 Од средбите со студентите во Скопје

Од средбите со студентите во Скопје

На средбите, делегацијата на Македонска алијанса истакна дека студентите се движечката сила на македонската партија во Албанија и ги повика студентите активно да се вклучат во кампањата за парламентарните избори во своите места каде што живеат во Албанија и да дадаат подршка на македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, бидејки секој глас за МАЕИ е многу важен за остварување на што подобар резултат и освојување на барем еден пратенички мандат.

Од средбите со студентите во Скопје

Од средбите со студентите во Скопје

Студентите се заблагодарија за посредувањето што Македонска алијанса сите овие години го врши за потикнување и предлагање млади Македонци од Република Албанија за продолжување на нивното образование во основното, средното и високото образование во Република Македонија преку стипендирањето од Македонската влада и искажаа готовност да помогнат во кампањата на Македонска алијанса за престојните парламентарни избори во Албанија со гласање на нивните родители, роднини и пријатели за постигнување на што подобар резултат и освојувањена пратенички мандати како единствена гаранција за интегрирање на Македонците во Албанија.

 Од средбите со студентите во Битола

Од средбите со студентите во Битола


Овие средби беа добра прилика да се поразговара освен за престојните парламентарни избори но и за положбата на Македонците во Албанија и борбата за унапредување на правата на Македонците во Албанија.

Од средбите со студентите во Битола

Од средбите со студентите во Битола


Во Република Македонија студираат 170 студенти Македонци од Република Албанија. (Македониум)