Во Тирана на 22 април 2013 година, делегација на Македонска алијанса за европска интеграција предводена од претседателот Едмонд Темелко, подпреседателите Бесник Хасани и Таќо Гроздани и генералниот секретар Васил Стерјовски остварија средби со министрите за внатрешни работи и образование на Р.Албанија.
На средбите се разговараше за повеќе теми кој ги засегаат Македонците во Албанија.
Со министерот за образование, Миќерем Тафај се разговараше за петицијата на Македонците од Голо Брдо за учење на македонскиот јазик во образовниот процес во Голо Брдо и во сите градови во Албанија, како и за печатење на сите предмети на македонски јазик за училиштата во Мала Преспа каде единствено се признаваат Македонците во Албанија и каде се изучуваа македонскиот јазик во школите.
Министерот Тафај даде гаранции дека до септември сите предмети на македонски јазик кој со закон се предвидени за децата во Мала Преспа ќе бидат испечатени, додека за барањето на Македонците од Требиште, Голо Брдо од септември ќе се изучува македонскиот јазик од седмо оделение како што предвидува законот за образование на Република Албанија.
На средбата со министерот за внатрешни работи, Фламур Нока се разговараше за отварање на граничниот премин Џепиште-Требиште кај Голо Брдо со Македонија и трите гранични премини Шиштавец, Борја и Оргоста во областа Гора со Косово.
Министерот Нока даде гаранции дека во мај 2013 година ќе се отвори граничниот премин Џепиште-Требише само за локалните жители од Голо Брдо и од Дебар, до изградбата на целосната инфраструктура за целосното отворање на овој граничен премин.
Додека за граничните премини Шиштавец, Борја и Оргоста во областа Гора, кој гранични премини постоеја до сега само како пешачки премини, од мај 2013 година ќе бидат функсионални и за возила.
Овие гранични премини ќе влијаат за развој на областите Голо Брдо и Гора, области населени со Македонци и ќе се спречи процесот на емиграција на Македонците од овие области.
Исто така, делегацијата на Македонска алијанса со министерот Нока разговараа и за вработување на Македонци во сите нивоа во структурите на министерството за внатрешни работи на Албанија. (Македониум)